Претседателката на Европската комисија не сака ЕУ со „повеќе брзини“

Новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека не поддржува ЕУ со „повеќе брзини“, односно различни степени на интеграции. Таквата состојба, според неа, само би ги заострила веќе присутните поделби во Унијата.

Ваквото гледање на иднината на ЕУ значително се разликува од ставот на Франција и уште неколку членки. Нејзиното инсистирање дека Унијата од внатре мора да создаде цврсто јадро со значително јакнење на еврозоната со цел надминување на сегашните поделби и кризи е сосема ново во размислувањата за идниот статус на Брисел.

На прашањето дали е загрижена поради јакнењето на влијанието на Русија во Европа, Фон дер Лајен одговори дека сме сведоци на релативно непријателски став на Русија и дека ЕУ од своја страна мора да ги задржи санкциите но воедно и да ѝ понуди дијалог на Москва.

Претседателката на Европската комисија за која, при нејзиниот избор во Европскиот парламент, гласаа и пратениците на земјите од истокот на ЕУ, сметајќи дека таа има решителен став кон Москва, оцени дека Русија ги крши меѓународните закони, како на пример со анексијата на Крим, и дека се труди да предизвика што поголеми поделби во ЕУ.

На прашањето како гледа на притисоците и заканите од САД дека на ЕУ ќе ѝ воведат санкции, новата европска комесарка возврати дека би сакала ЕУ и САД да ги обединат силите во соочувањето со заедничките предизвици, а не да се борат меѓусебно.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе