„Приоритет е ослободување од зависноста од енергенсите од Русија“

Претседателите на германската и чешката влада: Цените на струјата се недозволиви, нужно е европско решение

Германскиот канцелар Олаф Шолц и чешкиот премиер Петр Фијала се сложија во Прага дека сегашните цени на струјата и енергенсите се недозволиви и дека главната задача е итно е заедничко европско решение за промена на пазарот на енергенси за цените да се вратат на прифатливо ниво.

EPA-EFE

„Сегашните цени на струјата се недозволиви бидејќи трошоците на производство не се така високи. Нужно е да спроведеме структурни промени за цените забрзано да се намалат, а струја да има доволно. Во Европската Унија постои голема волја нешто да се промени“, кажа германскиот канцелар на заедничката конференција за новинарите со чешкиот премиер.

Приоритетот, според Шолц, е Европа што побрзо да се ослободи од зависноста од фосилните горива од Русија, но тие горива да ги има доволно и по подносливи цени.

„Заедно со Европската комисија ќе најдеме решение кое ќе влијае да се намалат високите цени на енергијата. Германија одлучи да изгради терминали за ЛНГ гас, ќе ги поврземе во мрежа, тоа нема да биде само за нас, ќе профитираат и соседите кои немаат излез на море. Се полнат резервоарите со гас, ќе ги обновиме термоцентралите на јаглен“, кажа Шолц.

Германскиот канцелар смета дека Европа ќе мине низ зимата далеку подобро отколку што некои сега зборуваат.

Чешкиот премиер Фијала потсети дека долго немало волја нешто да се менува во формирањето на цените на енергенсите, но дека сега, кога ситуацијата е неподнослива, таа волја во ЕУ постои.

„Таа ситуација се менува како што поскапува струјата и можам да кажа и во име на канцеларот Шолц дека таа состојба не е поднослива. Одвојувањето на цената на струјата од цената на гасот е една од насоките за решавање“, кажа чешкиот премиер.

Фијала апелираше до германскиот канцелар Германија да ја продолжи барем за неколку месеци работата на своите нуклеарни централи кои планира да ги затвори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе