Ќе мора да ја напушти Германија

Пресврт во случајот на црногорскиот мафијаш кој се лекува во германска болница

Германскиот град Хановер издаде налог за протерување на црногорскиот државјанин Игор Крстовиќ, кој се лекува на Универзитетската клиника во тој град, каде беше донесен минатата недела откако беше тешко повреден во наводна мафијашка пресметка во Црна Гора.

„Одлуката за протерување е нужна поради тоа што престојот на овој пациент на Универзитетската клиника претставува опасност за јавната безбедност“, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи на Долна Саксонија.

Во моментов, меѓутоа, неизвесно е дали пациентот поради здравствената состојба може да ја напушти болницата.

Тој во Хановер беше донесен минатата недела со приватен авион со многубројни прострелни рани.

Веднаш по неговото пристигнување во Универзитетската болница одделот во кој е сместен бил ставен под заштита на припадници на специјалната полиција. Тоа веќе неколку дена е во фокусот на јавноста во главниот град на Долна Саксонија. Многумина го поставуваат прашањето за преземањето на трошоците за обезбедувањето на Крстовиќ, кој е осомничен за вмешаност во организиран криминал.

Претседателката на пратеничкиот клуб на владејачката Социјалдемократска партија на Германија во парламентот на Долна Саксонија Јохана Модер ја поздрави одлуката на министерството за внатрешни работи за протерување на Крстовиќ.

„Јавната безбедност и редот, како и безбедноста на персоналот и пациентите на Универзитетската болница, се од најголема важност“, кажа Модер.

Таа го критикуваше раководството на болницата поради примањето на спорниот пациент на лекување. Обидот за префрлање на Крстовиќ во затворска болница пропадна поради здравствената состојба на пациентот.

Раководството на болницата се правда со тоа што дури по пристигнувањето на пациентот станало јасно дека станува збор за лице кое и во Црна Гора било под полициска заштита.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе