Можен крај на кризата?

Пресврт во Германија, социјалдемократите сепак ќе преговараат со Меркел

Врвот на Социјалдемократската партија на Германија на Мартин Шулц едногласно реши да почне преговори со конзервативната партија на германската канцеларка Ангела Mеркел за тоа дали и на кој начин би можеле да се здружат во новата влада, со сите опции на маса, изјави висок функционер на СПД.

Во документот кој го имала на увид британската агенција Ројтерс, лидерите на СПД ги навеле и клучните барања, меѓу кои се усогласување на данокот на профит за претпријатијата на европско ниво, повисоки даноци за поголемите заработки, зголемено инвестирање во образованието, брз интернет, патишта и социјални станови.

Членовите на СПД ќе разговараат за овие барања за време на партискиот конгрес кој ќе биде одржан од 7 до 9 декември.

Социјалдемократската партија на Германија, која беше во коалициската влада со Меркел од 2013 година, кон крајот на септември претрпе изборен неуспех, остварувајќи го најлошиот резултат во повоената историја и сега реши да се придружи на „големата коалиција“, иако е загрижена дека повторно ќе биде во сенка во новиот сојуз со конзервативците, истакнува британската агенција.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе