Следуваат избори?

Пресврт во Британија: Пратениците го прифатија законот за брегзит, но не и планот на Џонсон (ВИДЕО)

Британскиот парламент го поддржа предлог договорот на премиерот Борис Џонсон за брегзитот.

За неговиот договор гласаа 329 членови на парламентот, 299 беа против. Но, за законот да биде усвоен, треба да мине уште неколку читања во следните денови. Со овој закон во британското законодавство ќе се имплеметираат одлуките од договорот за брегзитот.

Но, потоа се случи пресврт. Одбиен беше планот на Џонсон за читање до крајот на неделата. Планот на Борис Џонсон беше сите расправи и амандмани околу законот да бидат готови до четврток. Но, членовите на парламентот го одбија неговиот распоред. Против беа 322 пратеници, додека 308 беа за.

Откако не му беше одобрено читањето до крајот на неделата, Џонсон кажа дека го паузирал законот.

Тој претходно најави дека, доколку овој план пропадне, ќе оди на нови избори.

Законот за кој вечерва се гласаше беше објавен во понеделникот и има 115 страници. Опозициските пратеници предупредија дека на парламентот, во нормално околности, му требаат најмалку десет дена да се усвојат слични закони. Тука и настана главниот спор, а Џонсон сакаше сѐ да реши за три дена – од понеделникот, кога предлог законот им беше предаден на членовите на парламентот, до четврток.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе