Пресврт на изборите во Франција, премиерот го порази Макрон (ВИДЕО)

Францускиот премиер Едуар Филип прогласи победа на вчерашните локални избори на кои се кандидираше за градоначалник на Авр.

Фото: ЕПА

Филип освои 58,8 проценти од гласовите на изборите за градоначалник на Авр.

„Среќни сме во Авр. Ќе ја прославиме победата“, рече Филип, пренесе Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон му честиташе на Филип за „убавата победа“ на локалните избори.

Британската агенција наведува дека според францускиот устав, Филип има надлежност, додека тој е на позицијата премиер, да назначи заменик-градоначалник на Авр, кој би управувал со тој град додека тој е премиер.

Ројтерс, сепак, забележува дека победата на Филип сигурно ќе доведе до поставување прашања во врска со можните прераспределби во француската влада.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе