Напаѓачот во бегство

Престрелка во Стразбур, 2 лица загинати 11 во критична состојба (ФОТО+ВИДЕО)

Две лица загинаа, а единаесет се во критична состојба по пукањето во центарот на Стразбур во близина на Божиќниот базар, јави Ројтерс. Информацијата ја потврди министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Кастанер рече дека напаѓачот им е познат на безбедносните служби, и претходно бил идентификуван како опасност по безбедноста.

Полицијата се сомнева дека станува збор за терористички напад.

„Имаше истрели и луѓе трчаа насекаде“, изјави еден локален продавач за телевизијата БФМ. „Траеше околу 10 минути“.

Антитерористичката единица ја презеде истрагата за нападот, пренесе АФП. Покрај тоа, агенциите ДПА и АФП известуваат дека полицијата пукала кон напаѓачот и тој го возвратил огнот. Полицијата, како што претходно е објавено, направила два кордони, една поголем околу божиќниот саем и еден помал околу катедралата. Се верува дека напаѓачот е во рамки на помалиот кордон.

Како што јавува Би-би-си, трамваите престанале да возат, и областа каде што се случило пукањето е оградено. Според првичните извештаи, до престрелката дошло во близината на Божиќниот саем на еден од центарските плоштади, Плас Клебер.

Регионалните власти потврдија дека во градот се случил инцидент и дека опасната ситуација и понатаму трае. Набрзо на улиците на Стразбур излегла полицијата, специјалните сили и војската, а претседателот Макрон таму го испратил министерот за внатрешни работи.

Заменикот на градоначалникот на Твитер им порача на граѓаните да останат во своите домови, а истото го повика и локалната полиција.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе