Престрелка пред штабот на главната американска разузнавачка агенција (ВИДЕО)

Престрелка пред седиштето на Агенцијата за национална безбедност, тајната разузнавачка организација одговорна за глобалното електронско прислушување на САД во предградието на Вашингтон, потврди Белата куќа.

Ен-би-си њуз емитуваше снимки на кои се гледа како полицијата на терен го опколила еден човек во лисици пред објектот на НСА во Форт Мејд, Мериленд.

Локалната Еј-би-ес објави дека тројца се повредени, а осомничениот е уапсен.

Личи дека црниот СУВ се судрил во бетонската бариера која го опколува местото, а дупки од куршуми се видливи во предните прозорци на возилото.

НСА соопшти дека ситуацијата е под контрола.

„Претседателот е информиран за пукањето во Форт Мејд“, се вели во соопштението на Белата куќа. „Нашите мисли и молитви се со сите што се погодени“.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе