Престрелка на плоштад во Атина, едно лице убиено

Едно лице е убиено, а друго повредено во судир на двајца странци во центарот на Атина.

Конфликтот се случил недалеку од централниот градски плоштад Омонија, пренесува Екатимерини.

Полицијата соопшти дека пристигнала на местото на настанот по повикот за пукање на плоштадот каде што пронашле чаури, но не е јасно дали жртвите, кои според првичните информации се странски државјани, биле застрелани или прободени со нож.

Како што пренесува Грик рипортер, инцидентот се случил среде бел ден на улицата Менандру, во грчката престолнина, кога дошло до насилен судир меѓу ривалски авганистански мигрантски групи во центарот на Атина.

Според очевидци, двете групи се нападнале едни со други со ножеви.

Повредениот бил пренесен во болницата Евангелизмос, а полицијата ги утврдува околностите под кои се случил инцидентот.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе