Пресретнување над Пацификот: руски МиГ избркал американски авион (ВИДЕО)

Руската воена авијација била приморана да реагира на воени активности на САД над Тихиот Океан, јавуваат руските медиуми.

EPA-EFE

Како што се наведува, за пресретнување на американски разузнавачки авион РЦ-135 бил кренат руски МиГ-31.

Според претставник на рускиот Источен воен округ, мисијата за пресретнување била успешно спроведена бидејќи рускиот пилот го принудил американскиот да го сврти авионот за да не го наруши рускиот воздушен простор.

Од рускиот Источен воен округ е соопштено дека пресретнувањето на американскиот авион било спроведено во согласност со меѓународните правила.

Руските медиуми истакнуваат дека во последно време американската воена авијација спроведува сè повеќе извидувачки летови во близина на руските граници.

Според последните податоци, во текот на 2020 година американската војска спровела 40 отсто повеќе извидувачки летови во споредба со претходната година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе