Одлука на владата во Тирана

Премиерот Рама ќе ги затвори сите обложувалници во Албанија

На први јануари 2019 година ќе бидат затворени сите спортски обложувалници во Албанија, одлучи владата во Тирана, а одлуката е веќе вградена во дополнувањето на законот за игри на среќа во оваа земја.

Исто така, како што се наведува, се затвораат сите електронски казина, кои сега ги има на главните улици во градовите во Албанија, а ќе бидат достапни само во хотелите со пет ѕвезди кои се наоѓаат надвор од урбаните региони, пренесува Ал џезира.

Албанскиот премиер Еди Рама упати порака до Парламентарниот одбор за економија, во која се наведува дека обложувалниците ќе бидат затворени на 31 декември и дека нема да има „онлајн монопол“.

„Почнаа да ми пристигнуваат реки од пораки на мобилниот телефон против затворањето на обложувалниците! Тоа е оркестрирано од затворите и од оние кои се кријат зад компаниите, па не паничете и не ги слушајте клеветите за „онлајн монопол“, бидејќи нема да има таков монопол“, кажа Рама.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе