Премиерот на Украина поднесе оставка, сега е на потег претседателот

Украинскиот премиер Олексиј Гончарук поднесе писмо со оставка, откако е обелоденето аудио на кое тој наводно го критикува разбирањето на економијата на претседателот Володимир Зеленски, чија канцеларија соопшти дека оставката ќе биде разгледана.

„Дојдов на оваа функција да ја спроведувам програмата на претседателот. Тој за мене претставува пример на отвореност и пристојност“, напиша Гончарук на својот Фејсбук профил, пренесуваат украинските медиуми.

„Сепак, за да исклучам било каков сомнеж во нашето почитување и довербата во претседателот, напишав изјава за оставка и му ја предадов на претседателот за да може да ја достави до парламентот“, додаде тој.

Тој рече дека аудиото „вештачки создава впечаток дека мојот тим и јас не го почитуваме претседателот".

Претседателот Зеленски е „човек на кого Украинците му ја дадоа својата доверба без преседан и тој има целосно право да ја оцени ефективноста на секој член од својот тим“, рече Гончарук.

Кабинетот на претседателот објави дека го примиле писмото и дека ќе биде разгледано.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе