Бомба експлодирала крај конвојот возила

Премиерот на Судан преживеа атентат (ФОТО+ВИДЕО)

Премиерот на Судан, Абдала Хамдок, преживеал атентат со бомба што експлодирала денеска во близина на конвојот возила со кој патувал тој, во главниот град Картум, јавуваат суданските државни медиуми.

Државната суданска телевизија објави дека Хамдок одел кон својата канцеларија кога се случила експлозијата и дека е „однесен на безбедно место“.

Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.

На снимките објавени на интернет се гледаат три оштетени возила што ги користеле највисоките судански функционери.

Хамдок стана премиер минатиот август, по продемократските протести што во април ја принудија војската да го собори автократскиот претседател Омар ал Башир, но од тогаш воените генерали се де факто владетели на Судан.

Хамдок вети дека ќе соработува со Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства и геноцид за време на граѓанската војна во Дарфур (2003-2010), а суданските власти велат дека планираат да го екстрадираат ал-Башир во тој суд.

Скоро една година по соборувањето на ал-Башир, Судан се наоѓа во сериозна економска криза: инфлацијата изнесува неверојатни 60%, а стапката на невработеност над 22%, според Меѓународниот монетарен фонд.

Владата соопшти дека 30 проценти од младите во Судан се невработени, што претставува повеќе од половина од вкупно 42 милиони жители.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе