Неговата малцинска влада не може да ги протурка важните закони

Премиерот на Словенија поднесува оставка, бара вонредни избори

Премиерот на Словенија Марјан Шарец најави дека ќе поднесе оставка на функцијата и побара вонредни избори. Кажа дека неговата малцинска влада не може да ги протурка важните закони.

Шарец, како што преведуваат словенечките медиуми, кажа дека со малцинската коалиција не може да постигне сѐ што планирал да направи и повика на вонредни избори.

„Со ваква коалиција и ваква ситуација во парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност тоа да го направам по изборите“, кажа Шарец на конференција за новинарите.

Претходно словенечкиот министер за финансии Андреј Бартонцељ поднесе оставка, а агенцијата СТА наведе дека причината е несогласување со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.

Минатата недела дојде до раздор во словенечката владејачка коалиција во одлучувањето на кој начин да се прекине дополнителното здравствено осигурување.

Министерот за здравство Алеш Шабедер инсистираше секој финансиски недостаток кој може да настане по прекинот на плаќањето на осигурителните компании да биде покриен со државниот буџет. Бертонцељ истакна дека неговото министерство поддржува само десет милиони евра годишно.

Шарец застана на страна на Шабедер. „Ако систематски не се позанимаваме со овие проблеми, залудно е фрлањето пари“, кажа тој.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе