Премиерот на Пакистан тврди дека САД го мачеле Осама бин Ладен

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, изјави дека Соединетите Држави го „мачеле" лидерот на ал-Каеда и организатор на терористичките напади врз таа земја на 11 септември 2001 година, Осама бин Ладен.

Имран Кан во парламентот за време на својот говор за буџетот ја критикуваше надворешната политика на своите претходници, додавајќи дека партнерството на Пакистан со Соединетите Држави во војната против тероризмот било грешка.

Тој рече дека Вашингтон користел говор на омраза кон Пакистан и дека одбил да го извести Исламабад за операцијата против бин Ладен во 2011 година во соседен Авганистан.

Вашингтон своевремено го обвини Пакистан зашто ѝ дал прибежиште на една од авганистанските талибански групи одговорни за терористичките напади во последните години.

Пакистан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати беа единствените земји што ја признаа талибанската влада, која го криеше Бин Ладен додека планираше терористички напад врз Соединетите Држави, но по нападите од 11 септември Пакистан стана американски сојузник во борбата против талибанците.

„Ние застанавме на страната на САД во борбата против тероризмот, но тие дојдоа тука, го мачеа и го убија... користеа говор на омраза против нас и не нè известија за рацијата, и покрај фактот дека загубивме 70.000 луѓе во војната против тероризмот“, рече Кан во парламентот.

Сепак, еден од опозициските пратеници го нападна Кан за тоа што водачот на ал-Каеда, која според него го „внела тероризмот во земјата“, го нарекол маченик.

„Тој ја уништи мојата земја, а тој го нарекува маченик“, рече пратеникот.

Премиерот на Пакистан претходно тврдеше дека односите меѓу Пакистан и Соединетите Држави се подобриле од моментот кога тој дошол на власт и дека за заемната почит меѓу двете држави е заслужен и неговиот личен однос со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе