Премиерот на Лесото ќе биде обвинет за убиството на својата поранешна сопруга

Премиерот на Лесото Томас Табане утре ќе биде обвинет за убиството на поранешната сопруга Липолело Табане, соопшти полицијата.

Тоа ќе биде прв африкански лидер кој за време на мандатот е обвинет за убиство во случај што го шокираше малото планинско кралство.

Во јули 2017 година, Липолело Табане била убиена додека се враќала дома со автомобил во главниот град Масеру. Злосторството се случило само два дена пред Томас Табане да положи заклетва за премиер. Двојката во тоа време била во процес на развод. Липолело имала 58 години.

Два дена подоцна, до Табане на заклетвата седела жена која два месеци подоцна станала негова сопруга.

Две години истрагата тапкала во место, но во последните неколку недели работите почнале да се одмотуваат. Прво, на почетокот на февруари, Месаја Табане беше обвинета за убиството на поранешната сопруга на нејзиниот сопруг, а утре ќе биде обвинет и 80-годишниот премиер.

Табане поради притисокот во неговата партија, во исто време објави дека ќе се повлече најдоцна до 31 јули. Тоа не било изненадување бидејќи тој веќе најавил дека ќе се повлече поради својата поодмината возраст.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе