Премиерот на Киргистан поднесе оставка, на негово место назначен политичар кој бил ослободен од затвор

Киргистанскиот премиер Кубатбек Боронов, кој има поддршка од претседателот, и Дастан Џумабеков, претседателот на парламентот на земјата, денеска поднесоа оставка. На местото на Боронов e назначен политичар кој претходната вечер бил ослободен од затвор после протестот од граѓаните, објави парламентот.

EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

„Садир Џапаров е назначен за премиер на Киргистан. Одлуката е донесена на вонредна седница на парламентот“ се вели во соопштението, додавајќи дека седницата била одржана во хотел откако демонстрантите ја окупирале зградата на парламентот.

Централната изборна комисија на Киргистан денес ги прогласи за неважечки резултатите од парламентарните избори одржани во неделата по масовните протести во главниот град Бишкек и другите градови.

„Резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври 2020 година денес се прогласени за неважечки“, објави Комисијата.

Опозициските приврзаници претходната вечер ги заземале зградите на владата и парламентот барајќи нови избори, и обвинувајќи ги властите за проневера и купување на гласови по победата на две партии блиски до властите.

Едно лице загина, а неколку стотици биле повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе