Премиерот на Италија: Враќање на економијата на 4 мај, училиштата од септември

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, вети дека училиштата ќе се отворат во септември, изјавувајќи дека не треба да се игра со здравјето на децата, пренесува италијанскиот весник Република.

„Училиштето е во центарот на нашите мисли и ќе биде повторно отворено во септември. Но сите подготвени сценарија од стручниот комитет предвидуваа високи ризици од зараза во случај на повторното отворање на училиштата (пред септември). Станува збор за здравјето на нашите деца“, рече Конте за весникот.

Училишните објекти се затворени уште од почетокот на март поради епидемијата на ковид-19, од која во земјата, најтешко погодена во Европа, веќе починаа повеќе од 26.000 луѓе. Конте исто така потврди дека владата работи на план за ублажување на мерките за изолација и на повторно отворање на индустриските активности од 4 мај.

„Работиме на тоа од 4 мај да дозволиме добар дел од претпријатијата, од производствениот сектор до градежништвото, да се отворат“, рече тој.

Тој рече дека планот ќе биде објавен не подоцна од почетокот на следната недела, но предупреди дека претпријатијата треба да обезбедат строго придржување кон безбедносните протоколи, како што се социјалното растојание и носењето маска.

Тој генерално рече дека неговата влада работи на тоа да им даде привремен рок на сите економски објекти, вклучително и баровите, рестораните и другите туристички активности, кои ќе бидат отворени последни, за да им овозможи да ги преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да дозволат работата да продолжи максимално безбедно.

Говорејќи за слободата на движење, која сега е ограничена само на општината каде што некој живее и со потврда за заминување на работа или на лекар, Конте рече дека тие мерки ќе бидат ублажени, без да прецизира дополнителни детали.

„Сè уште не можеме да ја вратиме целосната слобода на движење, но ќе сториме сè за да овозможиме поголемо движење со одржување на гаранциите за превенција и стопирање на инфекцијата“, рече Конте.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе