Премиерот на Индија верува дека радарите не можат да ги откријат бомбардерите кога е облачно

Индискиот премиер Нарендра Моди се најде на мета на критики од страна на опозицијата поради продолжувањето на воздушниот напад во Пакистан наспроти советите од експертите.

Моди го продолжил нападот поради личното уверување дека облаците ќе им помогнат на индиските борбени авиони да избегнат да бидат откриени од радарите занемарувајќи ги советите на експертите да ја одложат операцијата додека времето не се подобри.

Во телевизиското интервју емитувано во саботата, Моди рече дека ја користел својата „сурова мудрост“ во операцијата, верувајќи дека авионите ќе имаат корист од облаците, објави АП.

Опозицијата го исмеа очигледното неразбирање на Моди дека радарските сигнали лесно може да поминат низ облаци.

Лидерот на Националната конференција, Омар Абдула на Твитер коментираше: „Пакистанскиот радар не продира во облаци. Важна тактичка информација што ќе биде критична при планирањето на идните воздушни напади.

Лидерот на левицата Ситарим Ечири напиша: „Националната безбедност не е нешто со кое треба да се игра. Таквата неодговорна изјава на Моди е многу штетна. Некој како него не може да остане премиер на Индија“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе