Премиерот на Ерменија: За судирот во Нагорно Карабах нема воено решение

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан кажа дека преговорите за Нагорно Карабах треба да продолжат од точката од која почнале, во форматот на Минската група, но дека пред сѐ мора да сопрат насилствата.

EPA-EFE

Пашинјан синоќа за телевизијата Расија 1 изјави дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение.

Тој смета дека за спорот околу таа територија, која во 1990-тите прогласи независност од Азербејџан и во која Ерменците се големо мнозинство, решение треба да се бара со преговори под покровителство на копретседавачите на Минската група на ОБСЕ.

Меѓутоа, истакна дека за такви преговори е потребна „соодветна атмосфера“, пренесува ерменската агенција Армен прес.

„Што се однесува до нас, преговорите треба да продолжат од точката од која почнаа. Тоа е форматот на копретседавачите на Минската група“, кажа Пашинјан, но додаде дека за преговорите е тешко да се зборува во момент кога се во тек воени операции.

Затоа пред сѐ треба да сопре насилството, порача ерменскиот премиер.

„Азербејџан би требало да признае дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение. Тоа не почна од ништо. Долго време азербејџанската влада вршеше антиерменска пропаганда и долго време се закануваше дека, спротивно на сите меѓународни правила, планира прашањето на Нагорно Карабах да го реши со сила“, истакна Пашинјан.

Се надева дека Баку сега, кога, како што кажа, не успеа да ги спроведе плановите на воениот врв, ќе сфати дека конфликтот во Нагорно Карабах не може да се реши со сила.

Претставниците на земјите од колективното претседателство на Минската група – Франција, Русија и САД – го повторија вчера апелот до сите страни веднаш да ги прекинат непријателствата и да ги продолжат преговорите за да се најде одржливо решение на конфликтот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе