Премиерот на Ерменија: Признавањето на геноцидот е прашање на нашата безбедност

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан преку писмо му порача на американскиот претседател Џо Бајден дека признавањето на геноцидот е прашање на безбедноста на Ерменија, особено по минатогодишните настани и избувнувањето војна во Нагорно Карабах.

Фото: ЕПА

Бајден масакрите и присилната депортација на Ерменците во Османлиското царство во 1915 година ги нарече геноцид.

„Ерменците ширум светот со ентузијазам го поздравија признавањето на геноцидот“, рече Пашинјан во писмото објавено на неговата веб-страница.

Во порака на својата Фејсбук страница, Пашинјан му се заблагодари на американскиот претседател за „таа силна мерка кон правдата и историската вистина и за неговата непроценлива поддршка на потомците на жртвите на ерменскиот геноцид“.

„Признавањето на геноцидот е охрабрувачки пример за сите што сакаат да изградат праведно и толерантно меѓународно општество“, додаде ерменскиот премиер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди мешањето на трети страни во внатрешните работи на Турција, а неговиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција од никого не треба да добива никакви лекции за сопствената историја. Повеќе од дваесет земји во светот официјално го признаа ерменскиот геноцид од 1915 година, што го изврши тогашното Османлиско царство за време на Првата светска војна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе