Премиерот на Ерменија: Агресијата е планирана од порано

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, вели дека сегашните борбени акции на Азербејџан во Нагорно-Карабах, кои ги оценува како провокација, биле планирани од порано.

EPA-EFE/OMER MESSINGER

„Неодамнешните агресивни изјави на азербејџанското раководство, сеопфатните заеднички воени вежби со Турција, како и неприфаќањето на предлогот на ОБСЕ за спроведување мониторинг јасно укажуваат дека агресијата била планирана порано и дека станува збор за голема провокација против мирот и безбедноста во регионот“, напиша тој на Твитер.

Во регионот Нагорно-Карабах утрово дојде до нова ескалација, поради што во непризнатата Република Нагорно-Карабах беше прогласена воена состојба и мобилизација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/OMER MESSINGER

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе