„Социјалните мрежи станаа палата на кукавиците“

Премиерот на Австралија бара Фејсбук да одговара за анонимните навредливи коментари

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека дигиталните платформи како Фејсбук треба да одговараат за навредливите коментари анонимно објавени од корисниците.

Фото: ЕПА

Морисон ги опиша социјалните медиуми како „палата на кукавиците“, наведувајќи дека платформите треба да ги обврзат корисниците да го потврдат својот идентитет или да ја преземат вината за нивните насилни пораки.

„Кукавиците што на социјалните мрежи анонимно ги вознемируваат и малтретираат луѓето и изнесуваат клевети против нив треба да сносат одговорност за она што го зборуваат. Социјалните мрежи станаа палата на кукавиците, каде што луѓето анонимно и неказнето можат да ги уништуваат животите на другите и да им упатуваат најтешки навреди“, рече Морисон.

Прашањето за корисниците што социјалните мрежи ги користат за вознемирување и малтретирање на другите е едно од серијата спорови меѓу Морисоновата влада и американските технолошки гиганти.

Австралија неодамна донесе закон против овие компании, кој предвидува можност за затвор за нивните извршни директори во случај на објавување фотографии со насилни сцени на платформите.

Локалните и австралиските федерални власти се обидуваат што е можно поскоро да ги променат законите поврзани со клеветата и навредите, откако судот минатиот месец пресуди дека медиумските куќи може да сносат одговорност за навредливите коментари што на нивните фејсбук-профили ги објавуваат корисниците на таа платформа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе