Премиерот Моди: Ќе ја претвориме Индија во развиена земја во следните 25 години (ФОТО+ВИДЕО)

Индискиот премиер Нарендра Моди вети дека енергично ќе работи на трансформирање на Индија, погодена од сиромаштија, во развиена земја во следните 25 години.

Фото: ЕПА

Моди им се обрати на граѓаните по повод одбележувањето на годишнината од независноста на земјата од британското владеење, пренесе АП.

Премиерот рече дека Индија ќе се раководи од идеалите на самодоверба и духот на меѓународното партнерство, за да постигне понатамошен напредок во науката, технологијата и индустријата и да постигне безбедност во храната и енергијата.

Индија, со околу 1,4 милијарди жители, веќе е една од водечките земји во областа на информатичката технологија, фармацијата, вселенската наука и цивилната нуклеарна енергија.

Во својот 80-минутен говор, Моди не ги спомна затегнатите односи на Индија со нејзините непосредни соседи Пакистан и Кина, ниту какви било чекори за подобрување на тие врски.

Индија на 15 август го прославува денот на стекнувањето независност од Обединетото Кралство во 1947 година.

Откако британскиот парламент го усвои Законот за независност на Индија во 1947 година, сè било подготвено за независноста на Индија. Во времето на стекнувањето независност, територијата била поделена и на тој начин биле создадени две суверени држави - Индија и Пакистан.

Движењето за независност предводено од Махатма Ганди, познат по својот ненасилен отпор и граѓанска непослушност, одигра клучна улога во постигнувањето на индиската независност.

Празникот се слави ширум Индија - со церемонии, паради и културни настани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе