„Во име на љубовта“

Премиерот Харадинај ја отвори првата косовска Недела на гордоста

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај учествуваше на церемонијата на отворањето на  на Неделата на гордоста, во рамки на која во Приштина за прв пат ќе се одржи Парада на гордоста.

Тој истакна дека „Косово е спремно да ги почитува правата на ЛГБТ заедницата“, пренесува РТК2.

Се истакнува дека Харадинај на вчерашната церемонија изјави дека организирањето на првата Парада на гордоста ја докажува „храброста, граѓанската и социјалната, но и институционалната“ на приштинските власти.

„Ќе ги почитуваме правата на сите без разлика, сите човечки слободи се почитуваат. Косово е спремно да ги почитува правата на ЛГБТ заедницата на Косово, истовремено да овозможи рамноправност и човечки слободи, слобода на избор“, кажа Харадинај.

РТК2 јавува дека Парадата на гордоста со мотото „Во име на љубовта“ ќе биде организирана во вторник на 10 октомври.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе