Премиерката на Нов Зеланд се извини за тешката авионска несреќа од 1979 година

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн им се извини на семејствата на 257 лица кои ги загубија животите пред четириесет години, кога авион на Нов Зеланд се урна на планината Еребус на Росовиот остров на Антарктикот.

Туристички авион кој полета од Окленд и неколку часа леташе над Антарктикот, а потоа се урна во вулканот на планината Еребус на Росовиот остров.

Сите 237 патници загинаа, како и 20 членови на екипажот на 29 ноември 1979 година.

„После четириесет години, во име на денешната влада, време е да се извиниме за работењето на авиокомпанијата, која тогаш беше целосно под државна власт и е виновна за падот на авионот и за загубата на оние што ги сакате“, рече Ардерн на комеморацијата, обраќајќи им се на семејствата на жртвите.

„Се извинувам уште еднаш во име на авиокомпанијата за начинот на кој семејствата на жртвите на планината Еребус биле третирани по несреќата“, додаде таа.

Првичната истрага ги обвини пилотите за несреќата, но Кралската комисија во 1981 година откри дека главната причина за несреќата било репрограмирањето на навигацискиот систем на авионот, при што авиокомпанијата за тоа не го известила екипажот.

„Пилотите не се одговорни за оваа трагедија, тука сум за уште еднаш да го потврдам тоа“, рече Ардерн. „Но, тие заклучоци во тоа време не беа прифатени од нашата влада. Тоа беше погрешно“, додаде таа.

Ова е прв пат Владата да им се извини на семејствата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе