Премиерката на Нов Зеланд: Повторно го победивме коронавирусот (ВИДЕО)

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн објави укинување на мерките воведени во Окленд поради сузбивањето на вториот бран на епидемијата на коронавирус, тврдејќи дека нејзината земја „повторно го победи вирусот".

EPA-EFE/MICHAEL BRADLEY

Нов Зеланд во мај целосно го запре првиот бран на коронавирус благодарение на строгите мерки и таа земја забележа низа од 102 дена без новозаразени лица.

Но, ново жариште на епидемијата беше откриено во август во најголемиот град на Нов Зеланд, принудувајќи ги властите за 1,5 милиони жители на Окленд повторно да воведат строги мерки на целосна блокада во траење од три недели, се до почетокот на септември.

После тоа, во тој град на северот на земјата 12 дена не се забележани нови случаи на инфекција со коронавирус, а премиерката Ардерн потврди дека епидемијата сега е под контрола, поздравувајќи ги жителите кои морале да издржат нова блокада.

„Граѓаните на Окленд и сите Новозеланѓани се држеа до планот што досега двапати успеа. И тие повторно го поразија вирусот“, рече премиерката.

Успехот за неа дојде во вистинско време, со оглед дека на 17 октомври се одржуваат парламентарните избори. Многу е веројатно дека Ардерн и по изборите ќе остане на чело на владата.

Премиерката додаде дека од среда во Окленд ќе важи најниското ниво на борба против пандемијата, што важи за остатокот од земјата.

Ова значи дека повеќе нема да има ограничувања за јавни собири.

Но, Ардерн предупреди дека успехот не смее да се земе здраво за готово.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL BRADLEY

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе