Премиерката на Нов Зеланд има корона

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е позитивна на ковид-19 со умерени симптоми и ќе биде дома во изолација седум дена, соопшти нејзиниот кабинет.

Фото: ЕПА

Ардерн веќе беше во изолација од минатата недела кога нејзиниот партнер Кларк Гејфорд беше позитивен, таа требаше да ја продолжи својата пратеничка функција во понеделник.

Нов Зеланд воведе еден од најрестриктивните пристапи во светот за управување со епидемијата на ковид-19 од нејзиниот почеток во 2020 година, а бројот од 892 смртни случаи од болеста останува меѓу најниските во развиените земји. Сепак, ограничувањата се олеснија во март и со растот на видот омикрон овој позитивен случај е еден од 50.000 регистрирани во текот на изминатата недела.

Во соопштението од кабинетот на премиерката се вели дека тоа нема да влијае на неодамнешната трговска мисија на Ардерн во САД, деталите за тоа патување допрва треба да се потврдат. Таа и следната недела нема да биде во парламентот поради две важни домашни прашања, објавувањето на владиниот план за намалување на штетните емисии во понеделник и претставувањето на годишниот буџет во четврток.

Ардерн на Инстаграм сподели и фотографија од нејзиниот позитивен тест.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе