Земјотрес со јачина од 5,9 степени

Премиерката на Нов Зеланд гостувала на телевизија за време на силниот земјотрес (ВИДЕО)

Новозеландската премиерка Јасинда Ардерн била гостинка во живо на телевизија кога силен земјотрес го погоди Нов Зеланд.

Фото: Јутјуб

Просторијата во која се наоѓала премиерката Ардерн очигледно се тресела.

Таа за момент изгледала загрижено, но го продолжила разговорот велејќи дека е на безбедно место. „Не сум под висечките светла и се чини дека сум на безбедно место“, рече Ардерн.

Ардерн, која стана премиерка во 2017 година, е популарна во Нов Зеланд заради нејзиното справување со неколку кризи: масовното пукање во Крајстчрч минатата година, вулканската ерупција во декември и неодамнешната пандемија на коронавирус.

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди областа на 90 километри северно од главниот град Велингтон.

Земјотресот се случил нешто пред 8 часот во понеделник, по локално време. Повеќе од 35,000 луѓе во Велингтон и пошироко го почувствувале според владиниот сеизмички монитор Геонет.

Земјотресот се почувствувал низ целата земја и нема информации за штети или повредени.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе