Премиерката на Италија: Светот е во клучен момент во историјата

Новата крајно десничарска премиерка на Италија Џорџа Мелони повика на повеќе акции против најголемите климатски „грешници" меѓу нациите.

Фото: ЕПА

Зборувајќи на англиски јазик на Светската климатска конференција во Египет синоќа, Мелони рече дека борбата против климатските промени е заеднички напор и бара целосна посветеност на сите земји и меѓународни актери.

„За жал, мора да признаеме дека тоа не се случува“, нагласи таа. Најпосветените земји ризикуваа да платат висока цена за разлика од оние кои се најодговорни за емисиите на јаглерод диоксид на Земјата. „Тоа е парадоксално и потребни се мерки за решавање на оваа нерамнотежа“, рече Мелони.

Ако ова не успее, сите напори и настани, како што е состанокот КОП27 во Шарм ел Шеик, би можеле да бидат залудни. Светот е во клучен момент во историјата и мора да пронајде решенија сега, тоа им го должи на следните генерации, изјави италијанската премиерка.

Мелони рече дека Италија сака да продолжи со својата силна посветеност на намалување на емисиите на јаглерод диоксид и исполнување на целите од Парискиот климатски договор. Оваа медитеранска земја се стреми кон позелени извори на енергија и подобра диверзификација воопшто. Неодамна новата премиерка изјави дека може да замисли повеќе соларни електрани на југот на Италија.

Во исто време, објави дека сака да извлече повеќе природен гас од италијанското тло и море за да станат понезависни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе