Премиерката на Хонг Конг го суспендира законот за екстрадиција по масовните протести

Премиерката на Хонг Конг Кери Лам изјави дека ќе се одложи усвојувањето на предлог законот со кој би им се овозможило на осомничените за судење да бидат екстрадирани во Кина.

Кери Лам ја даде изјавата по масовните протести во Хонг Конг организирани поради незадоволството од законот, пренесе Ројтерс.

Законот за екстрадиција, кој би ги опфатил 7 милиони жители на Хонг Конг, како и странските и кинеските државјани во градот, многумина го сметаат за закана за владеењето на правото во поранешната британска колонија.

Околу еден милион луѓе минатата недела излегоа на улиците за да се спротивстават на законот, според организаторите на протестот, најголема излезеност од протестите во градот против крвавото сузбивање на продемократските демонстрации центрирани околу плоштадот во Тјенанмен во Пекинг на 4 јуни 1989 година.

„По повторните интерни дискусии во изминативе два дена, објавувам дека владата одлучи да го суспендира предлог законот, да ја обнови нашата комуникација со сите сектори на општеството, да даде повеќе објаснувања и да ги слуша различните гледишта во општеството“, рече Лам на прес-конференцијата.

Таа рече дека нема краен рок, ефективно се суспендира процесот на неодредено време.

Противниците на законот веруваат дека осомничените кои би биле екстрадирани во Кина би немале фер судење во земјата.

Зарашана дали ќе се повлече од функцијата, Лам избегнуваше директно да одговари и апелираше до јавноста „да ни даде уште една шанса“. Таа рече дека со децении била државен службеник и сè уште има работа што сака да ја работи.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе