Емитуван на детски ТВ-канал

Премиерката и министрите на Норвешка изведоа уличен танц за денот на независноста (ВИДЕО)

Премиерката на Норвешка и членовите на нејзиниот кабинет со уличен танц го одбележаа националниот ден на земјата.

Фото: Јутјуб

Премиерката Ерна Солберг и над десетина владини министри танцуваа на звуците на популарна детска песна во знак на одбележување на денот на независноста на земјата, кој се слави утре, на 17 мај. Нивниот танц беше снимен за да се емитува на детска телевизиска мрежа, јавија локалните медиуми.

Во клипот Солберг и министрите мавтаат со раце, вртат со колкови и веат знамиња - сето тоа со почитување на правилата за социјално дистанцирање.

Солберг рече дека целта на изведбата била да биде забавна и луѓето да се смеат.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе