Руската разузнавачка служба

Преку 5.000 терористи се веќе на граница – предупреди шеф на ФСБ

Огранок на Исламската држава собра околу 5.000 милитанти во северен Авганистан на границата со постсоветските републики во Централна Азија, предупреди директорот на руската ФСБ, додавајќи дека многумина од нив се бореле во Сирија.

„Особено загрижува повторното распоредување на терористичките групи во северните провинции на Авганистан“, им рече Александар Бортников на шефовите на разузнавачките служби на поранешните советски земји во Душанбе. Тој предупреди дека Вилајат Корасан, локален огранок на Исламската држава успеале да собере 5.000 борци во областа, пренесе Раша тудеј.

Терористички ќелии сега се инфилтрираат во поранешните советски земји, каде што се поврзуваат со организираниот криминал. За да бидат незабележани се обидуваат да се претстават како бегалци и мигранти, вели Бортников.

Исламистите претрпеа серија порази во Сирија и Ирак, но тие сè уште претставуваат опасност. „Сега се обидуваат да се регрупираат во области кои сириската влада не ги контролира, или да се кријат во бегалски кампови“, истакна шефот на ФСБ.

Друго алармантно движење е дека терористичките групи ги преместуваат своите сили во други делови на светот, вклучувајќи ја Северна Африка и Југоисточна Азија.

И покрај воените загуби, терористичките организации акумулираат огромни финансии од странство за да се подготват за напади „низ целиот свет“. Имено, тие прибегнуваат кон крипто валути и сервиси за онлајн плаќање за да добијат пари од странство. Приходите од „нелегална трговија со нафта, трговија со луѓе и други криминални активности“, исто така ги користат за да се одржат во живот.

Минатиот месец, директорот на ФСБ предупреди дека милитантите на ИСИС се враќаат во нивните матични земји и создаваат терористички ќелии. Повеќе од 1.500 од 5.000 џихадисти од Европа кои претходно се приклучиле кон ИСИС успеале да се вратат од Блискиот Исток, рече тогаш Бортников.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе