Преку 250 демонстранти уапсени во Австралија, има повредени полицајци (ВИДЕО)

Австралиската полиција уапси 235 лица во Мелбурн и 32 во Сиднеј во саботата, на недозволени собири против карантинот и мерките воведени поради пандемијата на коронавирус, додека неколку полицајци биле повредени во судирите со демонстрантите.

Фото: ЕПА

Полицијата во Викторија соопшти дека шест полицајци биле хоспитализирани. Неколкумина биле соборени на земја и прегазени, соопшти полицијата, како што е потврдено и со објавените снимки.

Околу 700 луѓе успеале да се соберат во делови на Мелбурн, додека 2.000 полицајци се погрижиле да не влезат во центарот на градот, поставувајќи контролни пунктови и барикади. Јавниот превоз во градот бил во прекин.

Во Сиднеј полицијата исто така спречила големи собири.

Австралија се бори со делта варијантата на вирусот од средината на јуни, во Сиднеј, Мелбурн и главниот град Канбера, кој со недели е под строг карантин. Во саботата, пријавени се 1.882 нови случаи на коронавирус, повеќето во Сиднеј.

Повеќето рестриктивни мерки ќе останат на сила во Викторија, Нов Јужен Велс и Канбера додека барем 70 проценти од луѓето над 16 -годишна возраст не се целосно вакцинирани, што со сегашната стапка на вакцинација може да се очекува кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Досега, само 85.000 случаи на инфекција и 1.145 смртни случаи се пријавени во Австралија од почетокот на пандемијата.

Повеќето Австралијци ја поддржуваат вакцинацијата и мерките за јавно здравје, но досега имало повремени, а понекогаш и насилни протести против начинот на управување со пандемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе