Прекината потрагата по исчезнатите во уривањето на мостот во Џенова

Потрагата по исчезнатите во уривањето на мостот во Џенова заврши во текот на ноќта, пренесуваат агенциите.

Откако во болница во Џенова почина романски возач на камион, официјалниот број на загинати порасна на 43.

Девет лица се сѐ уште во болница, од кои четири во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Потсекретарот на италијанскиот премиер Џанкарло Џорџети зијави дека италијанската влада ќе почне нов план кој треба да ја направи инфраструктурата во Италија побезбедна.

„Тоа ќе бидат операции на одржување без преседан, со огромни вложувања во јавните работи“, изјави Џорџети.

Иако не изнесе точна цифра за овие проекти, Џорџети истакна дека нема да се обѕира на буџетскиот дефицит, БДП и европските правила.

Со планот ќе бидат опфатени автопатите, мостовите, вијадуктите, но и јавните згради како училиштата, изјави потсекретарот на италијанската влада.

Мостот Моранди се урна во вторникот за време на бура, а над 30 автомобили и автобуси паднаа на земја од висина од 45 метри.

Инженерите кои ја истражуваа несреќата сметаат дека трагедијата ја предизвикал еден од бетонските носачи на сајли.

Вчера беше одржан јавен погреб за дел од загинатите, на која присуствуваше државниот врв на Италија.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе