Прекината дебатата меѓу кандидатите за премиер на Британија, водителката се онесвести (ВИДЕО)

Втората телевизиска дебата меѓу конзервативните кандидати за премиер на Велика Британија Лиз Трас и Риши Сунак беше прекината откако водителката Кејт Меккан се онесвести.

Фото: скриншот

Дебатата беше прекината на половина пат откако Меккан се онесвести додека Трас зборуваше, а нејзината реакција е фатена на снимка.

Се слуша силен тресок, по што Трас изгледа шокирано. Потоа Трас оди кон местото каде што стоела Меккан, а потоа преносот е прекинат.

Од Ток ТВ, телевизијата која ја пренесуваше дебатата во живо, велат дека Меккан, нивната политичка уредничка, се онесвестила во етерот и е добро, но лекарите советувале да не се продолжува со дебатата.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе