Прегладнета поларна мечка заталка во сибирски град во потрага по храна (ВИДЕО)

Гладна поларна мечка беше забележана во последните неколку дена во рускиот град Норилск, најсеверниот град во светот, а експертите коментираат дека нејзиното природно живеалиште се намалува поради климатските промени и дека е принудена да талка далеку во потрага по храна.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки од ослабената мечка во потрага по храна.

Ледените пространства кои традиционално им беа ловиште на поларните мечки се намалуваат поради релативно високите температури во регионот, тврдат експертите.

„Намалувањето на ледената покривка доведе до промени во однесувањето на животните поврзани со хранењето“, вели Дмитриј Горшков, експерт за биодиверзитет во Светската организација за заштита на природата (ВВФ Русија).

„Поради тоа што не можат да ловат, мечките се приморани да одат по стотици километри во потрага по храна и најчесто ја наоѓаат во близина на човечките населби“, вели тој.

Властите на Норилск, над две илјади километри североисточно од Москва, соопштија дека мечката низ градот талка неколку дена.

Никој не смее да ѝ се приближи на повеќе од 30 метри додека експертите за животни не ја проценат нејзината состојба, јавува РИА.

Врз основа на таа процена „ќе се реши дали ќе биде префрлена на локација во нејзиното природно живеалиште или во зоолошката градина во Краснојарск“, изјави претставникот на локалната власт Александар Коробкин.

„Поларната мечка во Норилск е навистина единствена појава. Претходно тоа се има случено само еднаш, пред 40 години“, изјави Горшков. „Неколку слични случаи се забележани во различни региони на Русија“.

Претходно годинава беше прогласена вонредна состојба на арктичкиот архипелаг Новаја Земља во Русија поради „инвазија“ на гласни поларни мечки. Над 50 мечки беа видени како влегуваат во станбени населби.

„Невозможно е да се избега од поларна мечка“, предупредија тогаш локалните власти. „Поради недостигот од храна поларните мечки можат да се префрлат на каков било можен извор на храна, вклучувајќи и луѓе“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе