Предводникот на брегзитот се повлекува од политиката

Британскиот политичар и поборник на брегзитот Најџел Фараж објави дека се повлекува од политиката и се отстапува од челото на својата партија Реформ УК. Како лидер на евроскептичната партија Независно Обединето Кралство (УКИП), Фараж во 2016 година вршеше притисок врз британската влада да одржи референдум за членството на Британија во ЕУ.

Фото: ЕПА

Тој рече дека партијата Брегзит им помогнала на конзервативците „да се вразумат“ и да го изберат Борис Џонсон за свој лидер со политичка платформа за брегзитот.

„Исходот (брегзитот) е отцепување на Северна Ирска од Велика Британија и ужасната ситуација на нашите индустриски рибари, но сега нема враќање. Но кога станува збор за вакцинациите и трговските договори што ги склучивме низ целиот свет, ние ги гледаме придобивките од брегзитот, а ЕУ си се потсмева со сама себе“, рече Фараж.

Популистот што ја водеше кампањата за излегување на Велика Британија од Европската Унија рече дека неколку пати претходно планирал да се повлече од политиката, но овој пат навистина ја напушта политичката сцена.

Велика Британија конечно го напушти европскиот блок минатата година, откако во декември заврши преодниот период.

На крајот на 2020 година, земјата во последен момент постигна договор за трговија со Унијата, но сè уште се бори со законодавните последици од своето излегување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе