Предупредување од Америка за Србија поради руското оружје

Американскиот Стејт департмент ги повика денес сите сојузници и партнери да се откажат од рансакции со Русија кои би можеле да доведат до воведување санкции.

Санкциите би биле воведени според американскоот закон за спротивставување на противниците на САД преку санкции (ЦААТСА).

Со ова Стејт департментот одговори на прашањето на Војс оф Америка што мисли за испораката на првиот дел од рускиот противвоздушен ракетен систем „панцир С“ на Србија, пренесуваат српските медиуми.

„Во разговорите со високите владини функционери повеќе пати изразивме загриженост поради купувањето руска воена опрема од страна на Србија, вклучувајќи го и купувањето на системот „панцир““, наведе портпаролот на Стејт департментот.

Од Европската Унија претходно беше соопштено дека за напредок на патот на евроинтеграциите „потребно е Србија да ја усогласи својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ, во согласност со преговарачката рамка“.

„Владата на Србија интеграцијата во Европската Унија ја означи како стратегиски приоритет на државата. Очекуваме Србија да се однесува во согласност со обврските кои ги презема“, соопшти Петер Стано, портпаролот на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел.

Договорот за купување на ракетниот систем „панцир С“ Србија и Русија го постигнаа за време на заедничката воена вежба Словенско братство одржана во октомври 2019.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе