Предупредување на СЗО воочи празниците: Подобро е откажани собири отколку изгаснат живот

Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување воочи празниците поради забрзаното ширење на омикрон варијантата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

„Подобро е откажани собири отколку изгаснат живот“, рече лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција, додавајќи дека „треба да се донесат тешки одлуки“.

„Во некои случаи, тоа ќе значи откажување или одложување собири и настани“, рече тој.

„На сите ни е доста од оваа пандемија. Сите сакаме да поминеме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормален живот“, рече тој.

„Најбрзиот начин да се постигне тоа е да се донесат тешки одлуки за да се заштитиме себеси и другите“, додаде тој.

Тедрос додаде дека пандемијата би можела да заврши следната година доколку до средината на годината се вакцинираат 70 отсто од населението во секоја земја во светот.

Изјавата на лидерот на СЗО доаѓа во време кога здравствените експерти тврдат дека омикрон станал доминантен меѓу новите случаи на зараза во САД.

„Сега има силни докази дека омикрон се шири значително побрзо од делта варијантата. И има поголеми шанси за инфекција или повторна инфекција на луѓето кои се вакцинирани и оние кои се опоравиле од коронавирусот“, рече Гебрејесус.

Голем број земји, вклучително и Франција и Германија, ги зајакнаа ограничувањата и воведоа ограничувања за патување во обид да го забават ширењето на новата варијанта. Холандија воведе строга блокада што ќе трае за време на божиќните празници.

Белата куќа вчера соопшти дека претседателот Џо Бајден не планира да воведе блокада, а водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи претходно предупреди дека патувањата за Божиќ може да го забрзаат ширењето на омикрон дури и меѓу целосно вакцинираните.

Главниот научник на СЗО Соумја Сваминатан рече дека варијантата омикрон успешно избегнува некои одговори на имунолошкиот систем, што значи дека бустер дозите на вакцината треба да се даваат на луѓе со послаб имунолошки систем.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе