„Нема повреда на приватноста“

Предучилишната вакцинација треба да е задолжителна, пресуди Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска пресуди дека задолжителните вакцинации може да се неопходни во демократските општества, во историска пресуда по жалбата поднесена од чешки семејства поради задолжителна вакцинација за деца.

Фото: ЕПА

„Мерките... може да се сметаат за 'неопходни во едно демократско општество'“, рече судот во својата пресуда, велејќи дека чешката здравствена политика е во согласност со „најдобрите интереси“ на децата.

„Целта треба да биде секое дете да биде заштитено од сериозни болести, преку вакцинација или со имунитет на стадо“, се додава во пресудата.

Како резултат, судот пресуди дека нема повреда на членот 8 за правото на почитување на приватниот живот на Европската конвенција за човекови права.

Ова е првпат ЕСЧП да донесе пресуда за задолжителна вакцинација против детски болести. Експертите велат дека тоа може да влијае врз секоја политика на задолжителна вакцинација против ковид-19 во пандемијата.

Оваа пресуда „ја зајакнува можноста за задолжителна вакцинација во услови на сегашната епидемија на ковид-19“, изјави за Франс прес Николас Хервје, правен експерт специјализиран во ЕСЧП.

Во Чешка постои општа законска должност да се вакцинираат деца против девет болести, вклучувајќи дифтерија, тетанус, голема кашлица, хепатитис Б и сипаници.

Случајот беше доставен до ЕСЧП од чешки родители што беа казнети парично за непочитување на оваа обврска за вакцинација или на чии деца им бил одбиен прием во градинка од истата причина.

Потребата од високо ниво на имунитет на стадо за смирување на пандемијата на ковид-19 предизвика дебата за потребата од можни задолжителни вакцинации, во услови на скептицизам кај некои популации низ целиот свет околу имунизацијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе