Предраг Луциќ испратен со зборовите на Борис Дежуловиќ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе го испратија денес на последното почивалиште Предраг Луциќ, хрватскиот новинар, сатиричар, писател и еден од придвижувачите на култниот неделник Ферал трибјун. На погребот на сплитските градски гробишта присуствуваа пријателите, колегите и почитувачите на Луциќ. Според хрватските медиуми, ова беше сигурно еден од најголемите погреби кои Сплит ги видел.

Луциќ беше испратен со тактовите на песната „Always Look on the Bright Side of Life“ на Монти пајтон.

„Би те нарекле најдобар пријател, но ти не си само повеќе од тоа, ти си едноставно нешто друго, би те нарекле роден брат, но ти не си само повеќе од тоа, ти си едноставно нешто друго, би те нарекле многу поинакви нешта, но ова не е пригода да те нарекуваме како било. Ти си нешто неискажливо. Во јазикот во кој живееме нема именка за нашиот Тебе. Сиромашен е јазикот кој за тебе нема збор. Затоа што си преголем и предраг за еден човечки живот, замина прерано... Со тебе е тешко, без тебе претешко. Со месеци нѐ подготвуваше за ова, но сепак не е лесно“, се прости од Луциќ со солзи Борис Дежуловиќ.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе