Пред две години беше убиена малтешка новинарка. Сѐ уште не се знае кој го наредил убиството (ВИДЕО)

Активисти, политичари и пријателите на убиената малтешка новинарка Дафне Каруана Галиција се собраа на комеморација по повод двегодишнината од нејзиното убиство.

Стотина луѓе донесоа цвеќе, држеа плакати и стоеја во свечена тишина на локацијата каде Каруана Галиција беше убиена во 2017 година.

Меѓу нив беше и претставникот за слобода на медиумите Харлем Десир кој во изјава ја критикуваше малтешката влада за тоа што не ги привела налогодавците на убиството пред лицето на правдата.

Владата соопшти дека „ја повторува својата предаденост на продолжување на донесувањето на правдата“ и го нарече убиството „шокантен напад врз целата земја“.

Во соопштението се наведува дека владата целосно верува во работата на истражителите и дека е отворена и независна истрага.

Дафне Каруана Галиција, критичарка на премиерот Џозеф Мускат и на опозицискиот лидер Адријан Делиа, беше убиена во експлозија на автомобил-бомба на 16 октомври 2017 година.

Вчера една од сестрите на убиената новинарка се соочи со Делиа и членови на неговата Националистичка партија додека се спремаа да положат венец на импровизираниот споменик во Валета.

Хелен Ациак ја обвини делегацијата на националистичката партија дека се „крадци“ и го фрли венецот што го положија.

Активистите на Малта би требало ноќеска повторно да се соберат на миса, по што ќе се одржи бдеење со свеќи кај споменикот.

Малтешките пратеници не одржаа седница вчера во знак на почит поради годишнината.

Тројца мажи се обвинети за поставување и детонирање на бомбата што ја уби новинарката, но наредбодавците на убиството се сѐ уште недостапни.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе