„Да го отфрлиме себичниот национализам“

Пред 75 години беше фрлена американската атомска бомба врз Хирошима (ВИДЕО)

Големата камбана одекна утринава во Хирошима на 75-годишнината од првиот напад со атомска бомба во историјата, на почетокот на комеморативната свеченост од која градоначалникот ги повика сите земји да го отфрлат себичниот национализам и да се обединат во борбата против сите закани.

EPA-EFE

Поради антиепидемиските мерки, влегувањето во Меморијалниот парк на мирот на комеморативната свеченост годинава беше ограничено само на преживеаните и нивните семејства.

Имајќи го предвид значењето на 75-тата годишнина од американското бомбардирање, во кое беа убиени 140.000 луѓе, и покрај епидемијата ма ковид-19 градските власти, со строги мерки, сепак одлучија да ја одржат комеморацијата.

„На 6 август 1945 една атомска бомба го уништи нашиот град. Тогаш се зборуваше дека тука ништо нема да расте во следните 75 години, но Хирошима се опорави и стана симбол на мирот“, кажа градоначалникот Казуми Мацуи.

Небото било ведро на 6 август 1945 кога во 8:15 часот американскиот бомбардер Б-29 Енола геј ја фрлил врз градот атомската бомба „Литл бој“ кој тој ден и во следните недели убила 140.000 луѓе.

Денес, точно во времето кога експлодирала бомбата, заѕвони големата камбана додека присутните во Меморијалниот парк на летната жештина со тишина им одадоа почит на жртвите.

Градоначалникот Мацуи се присети на пандемијата на грипот од 1918 која одзела милиони животи и го тероризирала светот, бидејќи, како што истакна, земјите судрени во Првата светска војна не можеле заеднички да се соочат со таа несреќа.

„Следеше јакнење на национализмот што доведе до Втората светска војна и нападот со атомска бомба. Никогаш не смееме да дозволиме тоа болно минато да се повтори. Граѓанското општество мора да го отфрли егоцентричниот национализам и да се обедини против сите закани“, порача Мацуи.

Премиерот Шинзо Абе традиционално присуствуваше на комеморацијата, но присутните, кои ги имаше значително помалку од претходните години, одржуваа физичка дистанца и носеа заштитни маски.

Три дена по Хирошима, втората американска атомска бомба „Фет мен“ беше фрлена на градот Нагасаки. Јапонија капитулираше на 15 август, означувајќи ги крајот на Втората светска војна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе