Пред 74 години Америка фрли атомска бомба на Хирошима, умреа 140.000 луѓе (ВИДЕО)

Во Хирошима е одбележана 74-годишнината од американскиот напад со атомска бомба.

За време на церемонијата градоначалникот Казуми Мацуи ја потсети јапонската влада дека треба да се придружи на договорот на ОН за забрана на нуклеарното оружје.

На церемонијата во Меморијалниот парк присуствуваа 50.000 граѓани, преживеани и потомци на настраданите, како и претставници на 90 земји, вклучувајќи ги САД, Русија, Британија.

Комеморацијата почна со минута молк во 8:15 часот по локално време, точното време кога Американците во 1945 година ја фрлија атомската бомба врз Хирошима, која уби 140 илјади луѓе.

„Низ целиот свет, гледаме дека егоцентричниот национализам е во подем, тензиите се засилуваат од меѓународното ривалство, а нуклеарното разоружување сопира“, кажа Мацуи на церемонијата.

Тој ја повика јапонската влада да се придружи на договорот на ОН за нуклеарно разоружување.

„Ја повикувам владата на единствената земја која го доживеа нуклеарното оружје во војна да се придружи на барањето на преживеаните и да го потпише и ратификува договорот. Ги повикувам лидерите да го покажат пацифизмот на јапонскиот устав со тоа што ќе покажат лидерство во преземањето на следниот чекор кон свет ослободен од нуклеарното оружје“, кажа градначалникот на Хирошима.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе по церемонијата одржа конференција за новинарите на која кажа дека договорот не ја претставува „реалноста за безбедноста“.

Абе истакна дека Јапонија ќе работи како „медијатор меѓу државите со нуклеарно оружје и оние кои го немаат“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе