Пред 27 години ова девојче одржа моќен говор за заштита на Земјата. Светот ја игнорираше (ВИДЕО)

На самитот за заштита на планетата Земја одржан во Рио во 1992 година тогаш 12-годишната Канаѓанка Северн Кулис Сузуки одржа моќен говор сличен на оној кој Грета Тунберг го одржа во Њујорк пред два дена, предупредувајќи ги светските лидери на опасноста од климатските промени. Светот ја игнорираше.

„Сами собравме пари за да можеме да дојдеме тука и минавме пат од 8.000 километри за да ви кажеме на вас возрасните дека мора да се смените. Кога денес дојдов тука, немав никаква скриена програма. Дојдов да се борам за својата иднина. Да се изгуби иднината не е исто како да се изгубат изборите, или неколку бодови на пазарот на акции. Дојдов тука за да зборувам во име на генерациите што доаѓаат. Дојдов да зборувам во името на изгладнетите деца низ светот чие плачење никој не го слуша.

Дојдов да зборувам за безбројните животни кои секој ден изумираат бидејќи немаат каде да одат. Сега се плашам да излезам на сонце поради дупките во озонот, се плашам да го дишам воздухот бидејќи не знам какви хемикалии може да содржи. До пред неколку години одев да ловам риби со својот татко во Ванкувер, мојот дом, додека не најдовме затруени риби. Секој ден слушаме за животни и билки кои изумреле и засекогаш исчезнале од Земјата.

Во текот на животот сонував дека ќе видам големи стада животни, џунгли и прашуми полни со птици и пеперутки, но сега се прашувам дали тие воопшто ќе постојат кога јас ќе имам деца. Дали вие сте се грижеле за такви нешта кога сте биле на мои години? Сето ова се случува пред нашите очи, а ние се однесуваме како да го имама сето време на овој свет на располагање и дека имаме решение за сѐ. Јас сум само дете и немам решение за сите проблеми, но сакам да сфатите дека го немате ни вие. Не знаете како да ги поправите дупките во озонот, не знаете како да го вратите лососот во исушениот поток, не знаете како да го вратите изумреното животно и не можете да ја вратите шумата таму каде што денес е пустина. Ако не знаете како да ја поправите моменталната ситуација, ве молам, немојте дополнително да ја влошувате.

Тука сте можеби како претставници на своите влади, бизнисмени, новинари или политичари, но всушност сте мајки и татковци, браќа и сестри, и секој меѓу вас е нечие дете. Јас сум само дете, но знам дека сме дел од семејството кое брои 5 милијарди луѓе и 30 милијарди видови живи суштества, а тоа границите и владите никогаш нема да го сменат.

Јас сум само дете, но знам дека ова нѐ засега сите нас и дека треба да бидеме единствени во остварувањето на една единствена цел. Во својот гнев не сум слепа и во својот страв не се плашам да му кажам на светот што чувствувам. Во мојата земја создаваме толку отпад, купуваме и фрламе, а никој од нас во северните земји не сака да дели со луѓето во сиромашните земји. Дури и кога од сѐ имаме повеќе од доволно, не сакаме да делиме и се плашите да оставиме нешто од своето богатство“, кажа таа.

Иако говорот на храбрата 12-годишна девојка беше проследен со аплауз, никој од светските лидери нејзиниот говор не го сфати сериозно. Сите тврдеа дека вистинската опасност е уште далеку и дека последиците не се гледаат.

Нејзиниот глас беше заборавен, а уништувањето на планетата продолжи, додека не се појави Грета која има една голема предност – социјалните медиуми кои во 1992 година ги немаше.

Иако конретни резултати допрва треба да се видат, сигурно е дека во новата ера на масовната технологија гласовите на Северн и Грета тешко ќе можат да се игнорираат бидејќи нивните пораки за спас на планетата не се ни првите ни последните кои светот ќе ги слуша.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе