Грција

„Пречек“ во Атина: „Помпео, оди си дома“ (ФОТО+ ВИДЕО)

Илјадници демонстранти пред грчкиот парламент извикуваа „Помпео оди си дома!", додека центарот на Атина е затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.

Додека антиамериканските демонстранти протестираа против неговата посета, државниот секретар на САД, Мајк Помпео зборуваше за важноста на потпишувањето на договорот за одбрана и дека Грција би можела да биде „столб на стабилноста во регионот“.

„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот“ и „може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.

Како што продолжува притисокот на Турција во источен Медитеран, за посетата на Помпео е да ја зајакне соработката со Грција, традиционален и историски сојузник на САД во регионот и членка на НАТО.

Ќе бидат потпишани повеќе договори за „унапредување на соработката во одбраната“ меѓу двете земји, соопштија американски и грчки извори.

Грчкиот премиер зборуваше за напнатата ситуација на источен Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални операции на подводно дупчење во потрага по природен гас.

„Кипар повика на примена на меѓународното право и јас го поздравувам позитивниот придонес на САД да помогнат на попродуктивна клима во регионот“, рече Мицотакис.

Европската унија во неколку наврати го осуди нелегалното турско подводно бушење кај Кипар, но Анкара оваа недела го испрати истражувачкиот брод Јавуз во ексклузивната поморска економска зона на Кипар, каде што оперативни дозволи имаат францускиот и италијанскиот енергетски гиганти Тотал и Ени.

Покрај разговорите со Мицотакис, кој е на власт од јули, Мајк Помпео ќе се сретне со својот грчки колега, Никос Дендиас, и министерот за одбрана Никос Панајотопулос.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе