Православен свештеник во Русија насилно крштева дете (ВИДЕО)

Руски православен свештеник ја шокираше јавноста откако беа објавени снимки од насилно крштевање на дете.

Василиј Нечепоренко, попознат по црковното име Фотиос, го повредува бебето и речиси го удавува во водата. Поради ова, бебето има модринки по целото тело, тврди мајката на детето.

На видеото се гледа како Нечепоренко несмасно го крева детето, а потоа со сила го спушта во водата.

Свештеникот е суспендиран на една година откако родителите на неговото дете го пријавиле во полиција.

Инцидентот се случил минатиот викенд во градот Гатчина, на околу 40 километри од Санкт Петербург.

Според руската православна традиција, детето мора трипати да се потопи во светата вода за да се крсти.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе