Правниот тим на Трамп за обвинението за импичмент рекоа дека е опасен напад врз Американците

Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата од Претставничкиот дом за негово отповикување, тврдејќи дека Трамп е невин и дека обвиненијата на негова сметка се опасен напад врз Американците.

Во документот на шест страници објавен во саботата, адвокатите на Трамп ја дадоа првата официјална изјава по двете точки од отповикувањето - злоупотреба на службена должност и опструкција на Конгресот.

Тие две точки, наменети Трамп да биде отповикан од местото претседател, ја чинат основата за судењето кое во вторник започнува во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.

„Имаме силна правна основа. Претседателот не направи ништо лошо и веруваме дека тоа ќе биде решено во овој процес“, рече еден од трите извори блиски до правниот тим на Трамп, кој ги информираше новинарите за содржината на документот. Трамп викендов е во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, игра голф.

Според тој извор, во одговорот на правниот тим на Трамп се истакнува дека постапката против претседателот „не е ништо повеќе од опасен напад врз американскиот народ и неговото право да гласа“.

Во документот се тврди дека точките за отповикување го кршат американскиот Устав и може да нанесат трајна штета, рече изворот.

Трамп е обвинет дека вршел притисок врз Украина за да спроведе истрага на неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден и го спречил Конгресот во истрагата за случајот.

Трамп негираше какви било неправилности и ги обвини демократите дека на герилски начин сакаат да ја поништат неговата победа на претседателските избори во 2016 година.

Судењето во Сенатот најверојатно нема да доведе до отповикување на Трамп, бидејќи ниту еден републикански сенатор не го поддржа тоа.

Адвокатите на Трамп во документот велат дека Трамп во секое време работел под целосни уставни и законски овластувања.

Во исто време, демократите ја претставија својата правна стратегија со аргументи за отповикување на Трамп од функцијата.

Во неа се тврди дека претседателот мора да биде отповикан за да се заштити националната безбедност и да се зачува системот на управување на земјата. Исто така, се поткрепуваат обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструирање на Конгресот.

„Сенатот треба да го осуди и разреши претседателот Трамп со цел да се избегне сериозно и долгорочно оштетување на нашите демократски вредности и безбедноста на нацијата“, рекоа демократските законодавци, повикувајќи за прв пат Сенатот да го осуди претседателот и да го отстрани од функцијата.

„Случајот против претседателот на САД е едноставен, фактите се неоспорни, доказите се неоспорни“, рекоа тие.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе