Пратка со отровот рицин адресирана до Трамп пресретната од полицијата

Пратка која го содржела потенцијално фаталниот отров рицин е испратена до Белата куќа, објавија во саботата Си-ен-ен и Њујорк Тајмс.

Си-ен-ен тврди дека пратката била адресиран до претседателот Доналд Трамп, додека Њујорк Тајмс пишува дека е испратена од Канада.

Пратката била забележан во владиниот центар за дистрибуција на пошта пред да пристигне во Белата куќа, објавија медиумите.

Наводно никој не е повреден.

Американската тајна служба, телото што ги штити највисоките функционери, спроведува истрага и проверува други заштитени лица за да открие дали можеби се испратени повеќе пакети на други адреси, јави Си-ен-ен.

Писма со смртоносната супстанца биле испратени и до локалните полициски канцеларии во Тексас, изјави официјален претставник. Истражителите се обидуваат да откријат кој ги испратил и дали повеќе такви кружат низ поштенскиот систем, јави Њујорк Тајмс.

Белата куќа сè уште не ги коментирала медиумските извештаи.

Запрашан за тие извештаи, ФБИ рече дека заедно со „американската тајна служба и поштенската служба за истраги истражуваат сомнително писмо добиено во владиниот поштенски центар“.

Во плик адресиран до Белата куќа пресретнат од американските власти се наоѓала супстанца идентификувана како рицин, смртоносен отров што се чини дека е испратен од Канада, соопшти во саботата Кралската канадска полиција-РЦМП.

Портпарол на РЦМП потврди „дека добил барање од ФБИ за помош во врска со сомнително писмо испратено до Белата куќа“.

Тој додаде дека „ФБИ спроведе анализа на супстанцијата содржана во пликот. Овој извештај укажува на присуство на рицин, токсична супстанца“ и дека РЦМП соработува со ФБИ, но одби да разговара за повеќе детали.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе